Линкови за пристапност

Повеќе тешкотии за економското опоравување на САД


Повеќе тешкотии за економското опоравување на САД
Повеќе тешкотии за економското опоравување на САД

Нови економски податоци од најголемата светска економија индицираат дека американското економско опоравување ќе биде нерамномерно.

Извештај од американскиот Оддел за труд во четвртокот најде дека бројот на Американци кои се пријавуваат за надомест заради невработеност скокнал минатата недела, на 31.000. Извештајот исто така вели дека бројот на Американци кои примаат продолжителни бенефиции заради невработеност се зголемил.

САД изгубиле повеќе од осум милиони работни места од почетокот на рецесијата.

Друг извештај на Одделот за труд од четвртокот исто така најде дека цените на многу добра и услуги се зголемиле. Фабриките и фармите плаќале 1,4 процент повеќе за сирови материјали во јануари, што било поттикнато од порастот на цената на енергијата.

Последните економски податоци доаѓаат во време кога американскиот претседател Барак Обама се подготвува да назначи тело што треба да бара начини за намалување на буџетскиот дефицит што може да стигне 1,6 трилиони долари следната година.

XS
SM
MD
LG