Линкови за пристапност

Далај Лама на средба со американскиот претседател во Белата куќа


Далај Лама на средба со американскиот претседател во Белата куќа
Далај Лама на средба со американскиот претседател во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама во четврток ќе биде домаќин на Далај Лама, духовниот лидер на Тибет во егзил, во Белата куќа, и покрај силните протести од Кина.

Далај Лама пристигна во Вашингтон во среда, ден пред средбата со Обама, што ќе се случи во приватна просторија во Белата куќа, а не во Овалната канцеларија, што е официјална работна соба на претседателот.

Портпарол на Белата куќа вели дека нема да има можност за фотографирање и новинарски прашања, но дека Белата куќа ќе објави една официјална фотографија.

Средбата предизвика лути коментари од Кина, која вели дека „силно се спротивставува" на посетата на Далај Лама. Кина последната недела побара САД „веднаш да ја повчлечат" поканата.

Портпарол за кинеското Министерство за надворешни работи минатата недела кажа дека средбата може натамошно да им наштети на американско-кинеските односи што неодамна беа затегнати со планираната продажба на американско оружје на Тајван, несогласувања во врска со разменската стапка на кинеската валута и американската загриженост по цензурата на Кина на Интернет.

XS
SM
MD
LG