Линкови за пристапност

Железнички проект во САД за нови работни места


Железнички проект во САД за нови работни места
Железнички проект во САД за нови работни места

Најбрзиот француски воз може да постигне 574 километри на час.

Но, рекордот го држи јапонски - со 581 километар на час.

Најбрзиот воз во САД, пак, познат како Ацела, има максимална брзина од 241 километар на час и оперира само меѓу Вашингтон, Њујорк и Бостон.

Само половина од возовите во САД можат да развијат брзина од 170 километри на час.

Тоа наскоро ќе се промени, најавува секретарот за сообраќај Реј ЛаХуд.

„Ќе дојде денот кога ќе можете да патувате меѓу Лос Анџелес и Сан Франциско за помалку од три часа, со брзина од 354 километри на час“, вели секретарот Ла Худ.

Стручњаците очекуваат возовите да започнат да итаат до 2020-та. Претседателот Обама неодамна најави дека осум милијарди долари од парите за стимулирање на економијата ќе појдат на развој на железнички коридори за брзи возови. Тој го претстави проектот како начин за отворање на нови работни места.

Џон Риш е од најголемиот синдикат што ги претставува железничарите во САД.

„Проценката е дека само во Калифорнија ќе бидат отворени 160 илјади работни места во градежништвото за изградба на железничките коридори“, вели Риш.

Планирани се 13 коридори во густо населени области. Но, само оние во Калифорнија и Флорида ќе бидат навистина брзи возови, затоа што за разлика од Европа, во САД брзите возови и натаму ќе ги делат шините со бавните, товарни.

Организациите за заштита на животната средина го поздравија проектот сметајќи дека ќе придонесе за заштеда на гориво и разивање на еколошки бизниси.

Критиката, пак, наведува дека со осум милијарди долари ќе се започнат многу мали проекти, но ќе останат незавршени. На тоа поддржувачите одговараат дека инвестицијата сепак ќе постави основа за нов вид на мрежа за масовен транспорт во САД.

XS
SM
MD
LG