Линкови за пристапност

Клинтон: САД се фокусираат на санкции спрема Иранската револуционерна гарда


Клинтон: САД се фокусираат на санкции спрема Иранската револуционерна гарда
Клинтон: САД се фокусираат на санкции спрема Иранската револуционерна гарда

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека САД се фокусираат на санкции спрема силите на Иранската револуционерна гарда, посочувајќи дека елитната единица станала премногу инволвирана во обезбедувањето, но и во донесување на политички и економски одлуки.

Клинтон за Гласот на Америка во вторник изјави дека Иран станува премногу воинствена и угнетувачка нација додека Револуционерната гарда го зголемува своето влијание.

Клинтон сугерираше дека има преместување на тежиштето на моќта од верските и политичките лидери кон Револуционерната гарда што може да е резултат од внатрешното превирање на Иран кога претседателот Махмуд Ахмадинеџад беше реизбран на проблематични избори во јуни.

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки ја критикуваше Клинтон која во понеделникот рече дека Иран станал „армиски диктатура". Тој ги обвини САД дека се како армиска диктатура преку акциите што ги преземаат во Ирак и Авганистан.


Клинтон исто така предупреди дека Иран може да започне трка за нуклеарно вооружување на Блискиот исток доколку се здобие со атомско оружје.

XS
SM
MD
LG