Еден од највисоките
по ранг американски претставници што ја посетил
Сирија изминативе години имаше разговори во среда, еден ден откако
Вашингтон го номинираше првиот амбасадор во земјата од 2005 наваму.
Американскиот потсекретар Вилијам Брнс кажа дека тој и
сирискиот претседател Башар ал-Асад имале добра средба во Дамаск. Брнс кажа
дека тие дискутирале за области на несогласување како и за тоа во што се сложуваат.
Брнс назначувањето го нарече „јасен знак" за подготвеноста на Америка да ги подобри односите и да се впушти во потрага по сеопфатен мир меѓу Арапите и Израелците.