Линкови за пристапност

Обама вели дека големата програма за стимулирање дава резултати


Обама вели дека големата програма за стимулирање дава резултати
Обама вели дека големата програма за стимулирање дава резултати

Администрацијата на Обама ја одбележува првата годишнина од контроверзната програма за економско стимулирање од 787 милијарди долари.

Тој велат дека програмата ја спречило рецесијата да се влоши и спасила или креирала милиони работни места. Но, опозиционите Републиканци велат дека програмата не е ефикасна и дека не покажала значително намалување на невработеноста.

Како дел од одбележување на годишнината Обама во среда претстави програма од 1,5 милијарда за поправка на патиштата и мостовите што треба да создаде работни места како и да ја поправи инфраструктурата. До сега администрацијата потрошила помалку од половина од 787-те милијарди долари.

Републиканските критичари велат дека стимулативниот пакет е една од причините што САД се соочуваат со огромен буџетски дефицит што може да и` наштети на економијата.
Во четврток Обама треба да потпише извршна наредба за формирање двопартиска комисија што ќе бара начин за решавање на тешкиот политички проблем на намалување на дефицитот, што може да стигне 1,6 трилиони долари следната година.
XS
SM
MD
LG