Линкови за пристапност

Пакистан го потврди апсењето на врвниот  талебански командант


Пакистан го потврди апсењето на врвниот  талебански командант
Пакистан го потврди апсењето на врвниот  талебански командант

Пакистанската армија потврди дека врвниот командант на Талебан Мула Абдул Гани Бардари е во притвор.

Соопштение од пакистанската армија објавено во среда вели дека „детална процедура на идентификација" покажува дека Барадар е меѓу неколкуте лица неодамна уапсени.

Американски и пакистански претставници рекоа дека Барадар бил фатен во пакистанскиот град Карачи во заедничка операција во која биле инволвирани разузнавачки агенти од двете држави.

Мула Абдул Барадар , Авганистанец по националност, ја држи втората најважна позиција во Талебан, веднаш по основачот на групата, Мула Мухамад Омар.

Официјални лица го опишуваат како најважна талебанска фигура од Талебан кој воопшто бил фатен од почетокот на војната во Авганистан од крајот на 2001.

Американскиот претседател Барак Обама треба да се сретне со високи американски претставници во Вашингтон во среда, со кои ќе дискутира за Авганистан.

На средбата треба да присуствуваат потпретседателот Џо Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон, лидерите на оружените сили и со видео конференција амбасадорите во Авганистан и Пакистан.
XS
SM
MD
LG