Линкови за пристапност

Женската хокеарска репрезентација на САД во потрага по злато


Женската хокеарска репрезентација на САД во потрага по злато
Женската хокеарска репрезентација на САД во потрага по злато

Женскиот хокеј е релативно нов спорт на зимските олимпијади – воведен на Игрите во Нагано, Јапонија, 1999-та.

Напаѓачот Џули Чу е првиот играч од азиско потекло во женската хокеарска репрезентација на САД. Ова и` е трета олимпијада. Таа вели дека се млади и само шест од 23лица во репрезентацијата претходно учествувале на Олимпијада, заради што се многу возбудени.

Тренерот Марк Џонсон ја подготвува младата екипа за олимпиското крштевање: „Може да зборуваме како ќе биде кога ќе излезат на мразот и цел свет ќе гледа во нив, но додека не го сторат тоа, се` е теорија“

Џонсон знае од сопствено искуство.

Тој беше во американската екипа на олимпијадата во Лејк Плесид која го направи „чудото на мраз“ - ја победи дотогаш неприкосновената екипа на Советскиот Сојуз.

„Треба да ги елиминирате причините за деконцентрација, најважно е она што се случува на мразот“, се присетува Џонсон.

Ќе има многу деконцентрација во Ванкувер, каде мнозинството гледачи ќе навиваат за домашната репрезентација на Канада.

Голманот Џеси Ветер, на која ова и прва олимпијада, вели - нема проблем: „Не е битно дали навиваат против или за нас, јас сакам кога има гледачи“

Патот до златото можеби и ќе води преку мечот со Канада, која беше подобра во контролниот натпревар во декември со 2-1.

Анџела Руџеро гледа и друга улога со соиграчите освен борбата за олимписко злато: „Ова е голема можност да бидете видени и младите девојчиња да се угледаат на вас“.

XS
SM
MD
LG