Линкови за пристапност

Здравје: стентови - вообичаена процедура за блокирани артерии


Здравје: стентови - вообичаена процедура за блокирани артерии
Здравје: стентови - вообичаена процедура за блокирани артерии

Поранешниот претседател Бил Клинтон имал болки во градите неколку дена пред да се јави на неговиот кардиолог Алан Шварц:

„Имал епизоди на стегање во градите кои не траеле долго. Но, бидејќи биле повторителни, ме контактираше и дојде“, изјави Шварц.

На Клинтон била извршена процедура позната под името ангиопластика.

Пациентите се под седатив, но будни за време на процедурата. Катетер се внесува низ артерија да го отвори крвниот сад што го снабдува срцето со крв. Две жичани туби, наречени стентови, се внесени во запушената артерија на Клинтон да се спречи тие повторно да се затворат.

Оваа процедура се смета за вообичаена.

Во 2004-та, коронарните артерии на Клинтон биле толку блокирани што морало да биде извршена операција за четирикратен бајпас. Операцијата типично се врши од вена на ногата на пациентот. Потоа се води до запушената артерија создавајќи пробив околу блокадата.

Американскиот колеџ за кардиологија известува дека еден на петмина пациенти кои имаат ангиопластика веќе имале операција за бајпас. Лекарите велат дека вообичаено е срцевите пациенти да имаат всадено неколку стентови со тек на време заради нови блокади.

По извршената ангиопластика пациентите треба да бидат внимателно следени и често се подложени на стрес тест како овој.

Лекарите предлагаат пациентите да вклучат редовно вежбање, да имаат здрава диета со овошје, зеленчук и мала количина на месо во планот за опоравок.
Клинтон вели дека сето тоа го прави, но дека животот треба да се живее:

„Времето си минува, Не можете да го вратите. Треба да се живее во моментот и напред“ - порачува поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

XS
SM
MD
LG