Линкови за пристапност

Нови жалби за жртвите во сообраќајот од возила на Тојота


Нови жалби за жртвите во сообраќајот од возила на Тојота
Нови жалби за жртвите во сообраќајот од возила на Тојота

Американската комисијата за безбедност во сообраќајот добила жалби за наводни 34 жртви во несреќи поради проблеми со педалите за гас во возилата на Тојота.

Портпарол на американскиот оддел за транспорт, под чија надлежност е комисијата, изјави дека е вообичаена појава агенцијата да добие зголемен број на поплаки откако ќе се објави повлекување на одредени модели на возила.

Портпарол на Тојота, пак, рече дека компанијата внимателно ги разгледува сите извештаи од потрошувачите и презема мерки.

Тојота повлече повеќе од осум милиони возила од нејзините најпопуларни модели поради проблеми со педалите за гас.

XS
SM
MD
LG