Линкови за пристапност

Грција соочена со повеќе притисок по финансиската криза


Грција соочена со повеќе притисок по финансиската криза
Грција соочена со повеќе притисок по финансиската криза

Европските министри за финансии ја предупредуваат Грција дека многу подрастични акции ќе бидат потребни за да се извлече земјата од финансиска криза.

Финансиските министри од земјите на ЕУ, кои во вторник се сретнаа во Брисел, кажаа дека грчкото ветување за намалување на владините трошоци и и собирање други пари не оди доволно далеку.

Грците се соочени со растечки буџетски дефицит додека тоталниот долг се искачи на повеќе од годишното економско производство на земјата. Но многу Грци се противат на нови даноци и ограничувања на владините плати.

Грчките царински работници започнаа тридневен штрајк во вторникот во знак на протест против намалувањето на трошоците. Државните службеници исто така организираа еднодневен штрајк минатата недела.

Министрите на ЕУ на Грција и` даваат до средина на март да покаже дека може да направи значаен напредок во намалување на буџетскиот дефицит.

Премиерот на Луксембург Жан-Клод Жанкер, кој исто така претседава со групата со групата финансиски министри на ЕУ, за германското радио во вторник кажа дека Грција може да се соочи со санкции ако не успее да направи задоволителен напредок.

Исто така во вторник, Комесарот на ЕУ за економија и монетарни прашања Оли Рен на претставници на Грција им даде рок до петок да ги предадат информациите за некои финансиски зделки.

Претставници на ЕУ сакаат да знаат дали Грција употребила сложени инвестиции за сокривање на финансиските проблеми на земјата.

Во меѓувреме грчкиот премиер Јорго Папандреу се сретна со рускиот премиер Владимир Путин во вторник, во Москва.

Папандреу вети натамошна поддршка за нафтоводот на Јужниот коридор и покрај финансиските проблеми на земјата. Напорите предводени од Русија имаат за цел новиот нафтовод да носи природен гас во Европа низ Балканот. Ниеден од лидерите не одговори на прашања од новинарите за тоа дали Грција побарала помош од Русија. Но Путин кажа дека финансиската криза започнала во САД и дека проблемите на Грција се слични како оние со кои во моментов се соочуваат САД.

Лидерите на ЕУ се плашат дека проблемите на Грција можат да го повлечат надолу еврото.

XS
SM
MD
LG