Линкови за пристапност

Во 2009-та убиени рекордни 71 новинар


Во 2009-та убиени рекордни 71 новинар
Во 2009-та убиени рекордни 71 новинар

Комисијата за заштита на новинарите вели дека минатата година се убиени повеќе медиумски работници отколку во која било година од почетокот на документирањето на смрт на новинари во 1992.

Во својот годишен извештај за напади на печатот, групата вели дека 71 новинар бил убиен во светот во 2009, додека во 2008 таа цифра била 41.

Групата за права на новинарите вели дека минатогодишната рекордна цифра била резултат од масакрот на 31 новинар по изборите во Филипини, што според извештајот е најсмртоносен поединечен настан за печатот што групата воопшто го забележала.

По Филипините, групата посочува на Сомалија, Ирак и Пакистан како на најсмртоносни држави за новинарите. Сомалија имала деветмина убиени новинари во 2009, додека во Ирак и во Пакистан имало четири убиства на припадници на медиумите.

Комисијата за заштита на новинарите исто така го издвојува пост-изборното гонење на новинари од режимот во Иран, нарекувајќи го „едно од најжестоките и најраширени задушувања на новинарството во поновото сеќавање".

Групата вели дека 136 новинари се во затвори во светот. Но, таа посочува дека меѓународниот притисок помогнал да се обезбеди ослободување на затворени новинари во многу држави, меѓу кои и во Бурма и Гамбија. Групата вели дека нејзиното ангажирање помогнало да се ослободат 45 затворени новинари минатата година.

Групата вели дека во Иран се уапсени 90 новинари за да се задуши дисидентството по изборите минатиот јуни со кои претседателот Махмуд Ахмадинеџад остана на власт. Се вели дека Иран сеуште држел 23 новинари и уредници затворени до декември, што ја става на второ место по Кина, со 24 затворени новинари, и само еден повеќе од затворените 22-ца медиумски работници во Куба.

Извештајот ги обвинува јужноамериканските држави Коломбија, Аргентина, Венецуела и Боливија за незаконско шпионирање на новинарите.

Во Авганистан и Пакистан групата вели дека новинарите се соочуваат со огромни тешкотии при покривањето на војната во регионот, вклучувајќи закани од Талебан и други милитанти, притисок и заплашување од владата и армиски извори и недоволна обука за безбедност и сигурност од нивните работодавци.

Во делот за Европа, извештајот посочува дека напорите за влегување во ЕУ до 2011 не донеле големи подобрувања на слободата на печатот. Некои новинари изразиле стравувања дека државата паѓа во беззаконието на 1990те кога владеачката ХДЗ го задушила независното извествање. Полицијата во Хрватска останала непостојана во истражување на случаите на напади против новинарите, од кои неколкумина биле изложени на закани заради известување за корупција во владата.

Во Албанија независниот дневен весник Тема бил истеран од владини простории во Тирана кои биле закупени на 20 години во 2007. Според издавачот на весникот владата реагирала во знак на одмазда заради серија објавени написи за корупција во владата. Издавачот бил нападнат во бар во Тирана по објавување на написите.

Во Грција двајца моторциклисти пукале и фрлиле импровизирана експлозивна направа на паркингот на тв-станицата Алтер со седиште во Атина, веднаш по емитувањето на главните вести.Локална радикална група ја презела одговорноста за нападот велејќи дека тоа е сторено заради тоа што новинарите „се здружиле со корумпираниот естаблишмент".

Во Косово се изречени анонимни смртни закани против косовскиот огранок на Балканската мрежа за истражувачко новинарство по извештајот дека новинарите биле заплашувани откако побарале интервјуа со жители на Скендерај за кампањските ветувања.

Словенските власти поднеле кривична пријава против продуцент на емитувач на програма со седиште во Хелсинки по документарецот за наводна корупција на словенската влада.

XS
SM
MD
LG