Линкови за пристапност

Во американско-пакистанска операција уапсен командант на Талебан


Во американско-пакистанска операција уапсен командант на Талебан
Во американско-пакистанска операција уапсен командант на Талебан

Претставници на САД и на Пакистан велат дека во тајна заедничка операција со инволвирање на разузнавачки агенти од двете држави пред неколку дена во Карачи е уапсен главниот авганистански командант на Талебан. Официјални лица го опишуваат авганистанскиот командант Мула Абдул Гани Барадар како втор по влијание, веднаш по основачот на Талебан, Мула Мухамад Омар. Тие велат дека тој е најважната фигура од редовите на Талебан кој е приведен од почетокот на војната во Авганистан кон крајот на 2001.

Талебан во Авганистан негира дека Барадар е фатен, нарекувајќи го извештајот гласина и диверзија.

Агентите на пакистанското и на американското разузнување велат дека го испрашуваат Барадар кој бил надлежен за дневните воени операции на Талебан и неговиот владеачки политички совет.

Официјални лица велат дека неговото фаќање сугерира ново ниво на соработка меѓу разузнавачките агенции на Пакистан и на САД.

XS
SM
MD
LG