Линкови за пристапност

Клинтон: Иран може да испровоцира трка за нуклеарно вооружување


Клинтон: Иран може да испровоцира трка за нуклеарно вооружување
Клинтон: Иран може да испровоцира трка за нуклеарно вооружување

Американската државна секретарка Хилари Клинтон предупреди во вторник дека Иран може да предизвика трка во нуклеарно вооружување на Блискиот исток доколку се здобие со нуклеарно оружје. Клинтон на публика во Џеда, Саудиска Арабија, и` кажа дека доказите не го поддржуваат тврдењето на Иран дека нивната нуклеарна програма е развиена исклучително за мирољубиви цели.

Клинтон зборуваше во колеџ за жени наречен Дар ал-Хекма.

Порано во вторник, иранскиот министер за надворешни работи се спротивстави на забелешките на Клинтон од понеделникот дека Иран станува армиска диктатура.

Иранските медиуми го цитираа Министерот за надворешни работи Манучер Мотаки како рекол дека Клинтон се обидува да го манипулира јавното мислење за Ирак со „нереални и неточни прашања".

Мотаки ги обвини САД дека се како армиска диктатура со нивните акции во Ирак и Авганистан.

XS
SM
MD
LG