Линкови за пристапност

Обама ќе претстави финансиска поддршка за нуклеарна енергија


Обама ќе претстави финансиска поддршка за нуклеарна енергија
Обама ќе претстави финансиска поддршка за нуклеарна енергија

Американскиот претседател Барак Обама ќе претстави владина гаранција за заем во вредност од осум милијарди долари за изградба на два нуклеарни реактори. Обама ова ќе го соопшти по посетата на Центар за обука за работа во Ланхам, Мериленд, лоциран во непосредна близина на Вашингтон. Парите ќе помогнат на производителот на енергија Саутерн Компани да ги изгради реакторите на својата нуклеарна централа во југоисточниот град град Вејнесборо, во Џорџија, лоциран источно од седиштето на компанијата во Атланта.

Новите реактори ќе бидат први изградени во САД по три децении. Осумте милијарди што владата ќе ги обезбеди се дел од програмата за заемски гаранции во вредност од 18,5 милијарди долари авторизирани од американскиот конгрес во 2005. Обама предложи зголемување на финансирањето за програмата на 54 милијарди долари во неговиот предлог-буџет за 2011.

Нуклеарната енергија генерира околу 20 проценти од струјата во САД. Противниците велат дека трошоците за изградба на нуклеарни централи се големи, дека се создава радиоактивен отпад и дека се отвораат безбедносни прашања.

Саутерн вели дека проектот ќе создаде повеќе од 3.000 работни места во градежништвото и околу 800 постојани работни места кога ќе ќе биде комплетиран.

XS
SM
MD
LG