Линкови за пристапност

Судир Чејни – Бајден за американската безбедносна политика на САД


Судир Чејни – Бајден за американската безбедносна политика на САД
Судир Чејни – Бајден за американската безбедносна политика на САД


Ниеден член на поранешната администрација на Буш не бил погласен и поупорен во критикувањето на политиката на национална безбедност на претседателот Барак Обама од Дик Чејни. Појавувајќи се на емисијата „Оваа недела" на ЕјБиСи телевизијата поранешниот потпретседател ја нападна одлуката осмислувачот на терористичките напади од 11 септември да се суди во цивилен суд во Њујорк:„Судењето на Калид Шеик Мохамед во Њујорк е голема грешка. Тоа му дава огромна платформа за пропаганда. Треба да биде во Гвантанамо, и таму да биде суден пред воена комисија", кажа Чејни.

<!-- IMAGE -->

Администрацијата на Обама оттогаш се повлече од судењето во Њујорк, но остана определена да го суди Мохамед пред цивилен суд. На програмата „Средба со печатот" на ЕнБиСи телевизијата потпретседателот Џо Бајден кажа дека Американците нема зошто да се плашат од федерална судска постапка.

„Тој нема да биде ослободен. Ќе биде најден за виновен. Ќе биде ставен во затвор. Ве уверувам дека нема да шета слободно по улиците на САД", рече Бајден.

Но, Чејни вели дека ваквата постапка на администрацијата на Обама упатува на поголем проблем:

„Начинот на размислување ме загрижува. Мислам дека е многу важно да се прави дистинкција меѓу криминални акти пред 11 септември и самиот настан од 11 септември. Тоа не е криминален акт, кога уништувате неколку хектари од Менхетн, убивате 3.000 Американци, и правите дупка во Пентагон. Тоа е акт на војна.

Потпретседателот Бајден го обвини претходникот за хипокризија и преиначување на историјата. Тој кажа дека администрацијата на Обама не постапува поинаку со бомбашот од Божиќ од постапувањето на претходната администрација со бомбашот кој во 2001 се обиде да разнесе авион потпалувајќи експлозив во чевелот: „Двајцата бомбаши се третирани апсолутно исто. Под Бушовата администрација имаше три судења во воени судови. Двајца од тие луѓе денес се слободни, на улица. Имаше 300 судења на таканаречени терористи, кои сега се во федерални затвори и виделе бел ден."

Не се случува често поранешни и сегашни владини претставници да се судрат за политика, а токму тоа се случи во неделата на американската политика.

XS
SM
MD
LG