Линкови за пристапност

Астронаутите инсталираа набљудувачки дел на меѓународната вселенска станица


Астронаутите инсталираа набљудувачки дел на меѓународната вселенска станица
Астронаутите инсталираа набљудувачки дел на меѓународната вселенска станица

Астронаутите од меѓународната вселенската станица инсталираа плато за набљудување што овозможува панорамски поглед на Земјата.
Екипажот од спејс-шатлот Ендевор и Вселенската станица ја комплетираше задачата по неколкучасовна работа.
Астронаутите користеа роботска рака за поврзување на куполата, набљудувачката комора со седум прозорци, со новиот модул „Транквилити“.
НАСА јави дека обсерваторијата од 792 кубни метри обезбедува спектакуларен поглед на Земјата и ќе му помогне на персоналот во станицата да ги надгледува вселенските прошетки.
Астронаутите го прикачија „Транквилити“ на вселенската станица во петокот.
НАСА ја продолжи вселенската мисија за уште еден ден на вкупно на 14. Астронаутите од Ендевор треба да се вратат на Земјата во недела.

XS
SM
MD
LG