Линкови за пристапност

Дождливото време одложува трки на Олимпијадата


Дождливото време одложува трки на Олимпијадата
Дождливото време одложува трки на Олимпијадата

Невообичаените временски услови продолжуваат да имаат влијание врз Зимските олимписки игри во Ванкувер и Вистлер, Канада.
Наместо снег, дождот ги одложува натпреварите на Игрите. Канадските организатори продолжуваат да носат снег со камиони.
Метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжат високите температури и се очекуваат да бидат околу 10-от целзиусов степен во следните неколку денови.
Мешавина од силен снег и дожд го одложи натпреварувањето во спуст во женска конкуренција. Трката е презакажана за среда со што остануваат уште два дена за тренинзи.
Во севкупното натпреварување на Олимписките игри, Канада го освои првиот златен медал на домашен терен. Канаѓанецот Александар Билодио победи во трката со слободно скијање во Вистлер во неделата.
Во меѓувреме, САД го освоија првиот медал во нордиско скијање.

XS
SM
MD
LG