Линкови за пристапност

Истокот го победи Западот во Ол-стар натпреварот


Истокот го победи Западот во Ол-стар натпреварот
Истокот го победи Западот во Ол-стар натпреварот

Селекцијата на Истокот го порази Западот со 141 спрема 139 во натпреварот на сите ѕвезди во Ен-Би-Еј.

Натпреварот се одигра на затворениот фудбалски стадион на Каубојците од Далас пред 108.713 гледачи, најголем број гледачи воопшто на кошаркарски натпревар.

Победоносниот кош го постигна Крис Бош од слободни фрлања на пет секунди пред истекот на натпреварот. Кармело Ентони од Западната конференција имаше шанса за победа, но не беше успешен за тројка.

Двејн Вејд со 28 поени од Истокот, беше прогласен за играч на натпреварот.

XS
SM
MD
LG