Линкови за пристапност

Коалиционите сили во нова авганистанска офанзива


Коалиционите сили во нова авганистанска офанзива
Коалиционите сили во нова авганистанска офанзива

Силите предводени од САД во Авганистан напредуваат со големата офанзива за истиснување на талебанските милитанти од нивното големо упориште во јужната провинција Хелманд.

Околу 15 илјади американски, британски и авганистански трупи се инволвирани во операциите центрирани во градот Марјах, во најголема заедничка операција од почетокот на војната во 2001.

Напорите за здобивање на довербата на жителите вчера претрпеа голем удар кога две ракети испукани од коалиционите сили ја промашија целта и убија 12 авганистански цивили.

НАТО ја презеде одговорноста за инцидентот. Главниот командант, американскиот генерал Стенли МекКристол му се извини на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој нареди истрага по инцидентот.

XS
SM
MD
LG