Линкови за пристапност

Клинтон: Иран се движи кон армиска диктатура


Клинтон: Иран се движи кон армиска диктатура
Клинтон: Иран се движи кон армиска диктатура

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека САД веруваат оти Иран станува армиска диктатура додавајќи дека иранските елитни воени сили – Револуционерната гарда, „всушност ја помагаат владата“.

Клинтон ги даде оценките во Катар пред да замине за Саудиска Арабија како дел од нејзината турнеја по регионот на Заливот во обид за промовира напори за зголемување на притисокот заради нуклеарната програма на Иран.
Клинтон се среќава со саудискиот крал Абдула, како и со министерот за надворешни работи, принцот Сауд ал-Фејзал, од кои ќе побара арапска поддршка за нови санкции врз Иран.

Во неделата, на светскиот американско-исламистички форум во Катар, Клинтон рече дека Вашингтон сака мирољубиво решение за нуклеарната контроверза со Иран, но нема да разговара со Иранците се` додека, како што рече, тие „прават бомби“.
Првиот американски дипломат се очекува да дискутира и за американските обиди за обновување на мировните разговори меѓу Израелците и Палестинците.

XS
SM
MD
LG