Линкови за пристапност

Преполни возови се судрија во близина на Брисел


Преполни возови се судрија во близина на Брисел
Преполни возови се судрија во близина на Брисел

Два преполни патнички возови се судриле во предградие на Брисел при што загинале многу патници. Возовите се судриле во снежни услови пред железничката станица Буизинген, на околу 15 километри југоисточно од главниот град на Белгија.

Неколку часа по несреќата, беа објавени различни извештаи за бројката на загинатите. Белгиската железница јави за 25 мртви, додека градоначалникот објави 20. Гувернерот на белгиската провинција каде се случи несреќата, јави за 10 жртви. Цифрата на повредени се` уште не е објавена додека спасувачки екипи продолжуваат со расчистување на местото на несреќата.

Телевизиските снимки покажаа две смачкани локомотиви и излетани вагони од шините. Непозната е брзината на возот кога се случила несреќата.

Поради железничката несреќата, има целосен застој на сообраќајот во утринскиот метеж кога многу луѓе одат на работа.

XS
SM
MD
LG