Линкови за пристапност

Почна предизборната кампања во Ирак


Во Ирак официјално започна кампањата за општите избори на 7-ми март – ширум Багдад се појавија првите плакати.

Кампањата доаѓа во време растечка напнатост поради одлуката да се забрани учество на голем број на кандидати на суни-муслиманите поради наводни врски со партијата Баат на осудениот и погубениот претседател Садам Хусеин.

Аналитичарите велат дека забраната може да биде причина за обновување на секташките насилства меѓу мнозинските шиити-муслимани и сунитите, од кои вторите доминираа во Ирак за време на режимот на Хусеин.

Според ирачки болнички извори, во серија бомбашки напади петокот загинале шест лица, а биле повредени најмалку 35-мина во светиот шиитски град Наџаф, јужно од Багдад.

Американската армија, пак, јави дека пет лица биле убиени за време на заедничката рација со ирачки војници во село во близина на границата со Иран. Армијата трвди дека убиените биле осомничени членови на милитантна група, поддржана од Иран. Но, локални официјални лица велат дека загинале најмалку осум лица, повеќето цивили.

XS
SM
MD
LG