Линкови за пристапност

Почина пронаоѓачот на фризби


Почина пронаоѓачот на фризби
Почина пронаоѓачот на фризби

Пронаоѓачот на светски позната рекреативна играчка фризби, Валтер Фредерик Морисон, почина на 90-годишна возраст во својот дом во сојузната држава Јута. Морисон боледуваше од рак.

Најпознатиот пронајдок на Морисон – фризбито, оригинално беше наречен Плутон-чинија. Од нова и необична играчка кога беше претставен во 1948-ма, фризбито набрзо стана незаменливо средство за забава на плажите, парковите и игралиштата, а дури беа создадени посебни спортови со него со натпреварувања на професионално ниво – фризби голф и екстремен фризби.

Морисон има кажано дека добил инспирација за фризбито во 1937-ма, кога со својата идна сопруга се разодонувале фрлајќи поклопец од голема лимена кутија. Подоцна го рафинирал дизајнот, откако научил за аеродинамиката како пилот за време на Втората светска војна.

Во 1957-ма, Морисон го продаде својот дизајн на компанијата Вам-О, која и ја именуваше играчката како фризби. Вам-О тврди дека досега продала над 200 милиони примероци.

XS
SM
MD
LG