Линкови за пристапност

Економското опоравување на Европа забавено


Економското опоравување на Европа забавено
Економското опоравување на Европа забавено

Европското економско опоравување се соочува со нови предизвици во време кога многу клучни држави јавуваат за застој или пак опаѓање на економскиот растеж.

Шеснаесет држави кои спаѓаат во евро-зоната и го користат еврото како единствена валута во петокот објавија дека заедничката економија пораснала за само една десетина од процент во последните три месеци на 2009-та.

Германија, која е најголемиот европски извезувач, наведува дека нејзината економија воопшто не постигнала растеж во четвртиот квартал на 2009-та, додека Италија, трета најголема економска сила во ЕУ, забележала опаѓање од две десетини од процент.

Новите податоци што доаѓаат од Грција сугерираат дека финансиската криза е многу полоша отколку што се предвидуваше. Грчки официјални лица соопштија дека економијата опаднала за осум десетини од процент во четвртиот квартал на 2009-та, како и за вкупно 4 проценти во текот на целата година.

Од најголемите европски економии, само Франција јавува за ветувачки економски податоци. Тамошната економија забележала пораст од шест десетини од процент во последните три месеци на минатата година.

XS
SM
MD
LG