Линкови за пристапност

Кина против средбата Обама- Далај Лама


Кина против средбата Обама- Далај Лама
Кина против средбата Обама- Далај Лама

Кина ги повика САД „веднаш да ги повлечат“ плановите за средбата наредната недела во Белата куќа меѓу претседателот Барак Обама и духовниот водач на Тибет Далај Лама.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа пренесе изјава на портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ма Џаошу во која вели дека Кина „остро се противи“ на посетата. Ма побарал од САД да помажат целосно разбирање за „големата чувствителност на прашањата врзани за Тибет“.

Потпретседателот на одделот на кинеската комунистичка партија, под чија надлежност се прашања за Тибет, Џу Веичун, неодамна изрази сличен став.

Белата куќа најави дека средбата на Обама со Далај Лама е закажана за 18-ти февруари.

Кина го нарекува Далај Лама сепаратист кој се залага за независност на Тибет. Духовниот лидер, пак, кој живее во егзил, вели дека само се залага за поголема автономија на Тибет во рамки на Кина.

XS
SM
MD
LG