Илјадници Хаиќани петокот учествува во комеморацијата за над 200.000 жртви на страотниот земјотрес што пред еден месец го погоди главниот град Порт-о-Пренс.
Владата на Хаити го прогласи петок за Ден на национална жалост за загинатите.
Најмалку еден милион луѓе немаат покрив над главата од 12-ти јануари, кога се случи земјотресот.
Во тек е масовна меѓународна операција за помош. Сиромашната карипска држава и пред земјотресот се обидуваше да се опорави од тропските невремиња што однесоа 15 проценти од економското производство во 2008-ма.