Линкови за пристапност

Бил Клинтон отпуштен од болница по срцева интервенција


Бил Клинтон отпуштен од болница по срцева интервенција
Бил Клинтон отпуштен од болница по срцева интервенција

Поранешниот претседател Бил Клинтон петокот беше отпуштен од болница по лекарска интервенција за деблокирање на срцева артерија. Лекарите четвртокот вградиле два стента во артеријата. Клинтон бил примен во болница откако последниве неколку дена имал болки во градите.

Лекарот на Клинтон, Алан Шварц, вели дека поранешниот претседател не претрпил срцев удар или пак срцево оштетување, дека процедурата минала без проблеми, како и дека прогнозата за опоравок е одлична. Според Шварц, Клинтон веќе бил на нозе и се движел. Се очекува тој да се врати на редовните обврски во понеделник.

Врз Клинтон во 2004-та беше извршена четирикратна бај-пас операција за отворање на четири блокирани артерии.

Стејт департментот јави дека американската државна секретарка Хилари Клинтон го одложила планираното заминување за Саудиска Арабиј и Катар од петок за сабота, за да биде со сопругот.

Според советникот на Бил Клинтон, Даглас Бенд, поранешниот претседател е во добро расположение и ќе продолжи да биде активен во својата Фондација Клинтон и како пратеник на САД и на ОН за обнова на Хаити по земјотресот.

XS
SM
MD
LG