На служба се близу 15 илјади лица на обезбедувањето за Игрите и официјалните лица велат дека безбедносната операција се одвива според планот.
Безбедносниот персонал вклучува околу 4.500 членови на канадската армија и повеќе од шест илјади полицајци, главно од Ројал Канадиан Маунтед Полис, но многу и од други канадски јурисдикции. Вработени се дополнителни пет илјади лица да се приклучат на персоналот за обезбедување, кои работат под договорсо приватни безбедноснифирми, но сите под надзор на полицискиот врв, кои работат на проверки и претреси на луѓето кои влегуваатво олимписките објекти.
Според Бертранд Пакет, портпарол за Интегрираната безбедносна единица, што вклучува полиција, оружени сили и приватни безбедносни компании, сите олимписки објекти се обезбедени и такви предадени на Ванкуверскиот олимписки комитет.
„Се подготвивме за се, од некој да се обиде да фрли камен на спортист до терористички напад“, кажа Пакет пред почетокот на Олимпијадата во градот – одморалиште Вистлер, што е домаќин на алпски, нордиски и лизгачки настани.
Според Пакет најголем дел од безбедносната операција ќе се одвива во заднината, без агресивно присуство на обезбедувањето.
Во Вистлер, неколку полицајци се распоредени за патролирање и на областитеблиску до медиумските центри, но тешко вооружени офицери и војници не може да се забележат никадево близина на центарот на градот.
На планините и во шумите близу градот и во олимпиското село канадската армијапатролира на моторни санки.
Заканата за опасност во Ванкувер и Вистлер останува на ниско ниво , но според Пакет, Интегрираната безбедносна единица постојано ја следи ситуацијата и ќе биде подготвена за кревање на нивото доколку се покаже потребно.
Буџетот за обезбедувањето иницијално беше проектиранна 175 милиони американски долари, но до реализацијата на операцијата порасна на 900 милиони долари.