Линкови за пристапност

Вашингтон почна да се ископува од под снегот


Вашингтон почна да се ископува од под снегот
Вашингтон почна да се ископува од под снегот

Екипите на службите за расчистување беа отповикани и федералната влада остана затворена. Но имаше некои кои сепак излегоа надвор на вакво невреме. Не можеа да веруваат на тоа што го гледаат:

„Не паметам вакво нешто. За 20 години колку што сум во Вашингтон, никогаш не било толку лошо“, ни кажа еден граѓанин.

Службите за расчистување се обидуваа да ги олеснат условите на патиштата, но тие останаа далеку од безбедни.

„За да излезете на ова време ви треба теренско возило. Ако го немате, не се ни обидувајте“, порача претставник на градските служби.

Во Њујорк, снегот беше помал проблем. До утрината веќе се претвори во водена каша. Градоначалникот веќе имаше наредено затворање на училиштата во очекување на големи наноси и ветер. Но подземната железница иташе непречено кон Менхетн. Таксистите и сообраќајот воопшто течеа, повеќе или помалку, нормално. Но градот сеуште не е надвор од неволјите. Велат, таму допрва се очекува невремето.

Работник на улица рече дека ова било пред-невреме ситуација и дека се очекуваат околу 18 инчи снег.

Пред зградата на ОН , што беше затворена заради невремето разочарани туристи од Кина се сликаат немајќи можност да влезат внатре. Библиотеките и судовите исто така затворени, но најголем дел од градскитѕе канцеларии работеа.
Исто и њујоршката берза, дури и кога лапавицата се засили и снегот почна да се задржува на улиците. Предвидувањата се дека Њујорк ќе го добие својот дел од овој втор бран на невремето – од околу половина метар снег.

XS
SM
MD
LG