Линкови за пристапност

Чарли Вилсон, патронот на Авганистанците кои се бореа против Советите почина на 76 години


Чарли Вилсон, патронот на Авганистанците кои се бореа против Советите почина на 76 години
Чарли Вилсон, патронот на Авганистанците кои се бореа против Советите почина на 76 години

Тој овозможи финансирање на тајна програма на ЦИА за доставување базуки и друго напредно оружје за авганистанските Муџахедини. Тоа оружје одиграло клучна улога во успешните авганистански напори за протерување на советските сили од нивната земја.

Напорите на Вилсон во Конгресот и неговиот богат карактер инспирираа книга и снимање популарен филм – „Војната на Чарли Вилсон“, кој се појави во кината во 2007-ма.

Тој беше претставник од Тексас од 1973-та до 1997-ма.

Во соопштение, американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс рече дека Вилсон работел „неуморно“ во име на авганистанскиот отпор против советските сили. Неговите напори помогнале „да се истераат напаѓачите, да се ослободи народот и да се приближи крајот на Студената војна“ рече Гејтс.

Поразот на армијата на Советскиот сојуз во 1980-тите и повлекувањето од Авганистан означи клучен момент за време на Студената војна. Пред два месеци, Гејтс и други законодавци се повикаа на времето на ерата на Вилсон кога сведочеа пред Конгресот во корист на долгорочната американска помош за Авганистан.
Изминатите години, Вилсон тврдеше дека американското повлекување на поддршката за Авганистан по истерувањето на советските сили создал безбедносен вакуум, кој бил пополнет од Талебан.

Во филмот за Вилсон, актерот Том Хенкс го претстави конгресменот како слаткоречив и друштвен Тексашанец, кој честопати бил во друштво на убави жени.

XS
SM
MD
LG