Линкови за пристапност

Дваесет години од ослободувањето на Мандела


Дваесет години од ослободувањето на Мандела
Дваесет години од ослободувањето на Мандела

Главната комеморација по повод 20-годишнината од ослободувањето на Мендела се одржува пред затворот Виктор Верстер на островот Робен, во близина на Кејп Таун, кој денес е преуреден во музеј.

Политичката партија на Мендела, Африканскиот национален конгрес, исто така организираше маршеви, говори, изложби и други настани ширум земјата.
Ослободувањето на Мендела го означи почетокот на крајот на владеењето на белците во Јужна Африка.

Неговата заложба за национално помирување има најголем удел во одвраќањето на земјата од работ на граѓанска војна.
Три години по неговото ослободување, Мендела ја доби нобеловата награда за мир и во 1994-та, стана првиот црн претседател на Јужна Африка.

XS
SM
MD
LG