Линкови за пристапност

Белата куќа предвидува отворање на 95 илјади работни места месечно


Белата куќа предвидува отворање на 95 илјади работни места месечно
Белата куќа предвидува отворање на 95 илјади работни места месечно

Денешниот извештај од Одделот за труд соопшти дека бројот на Американци кои добивааат помош по основ на невработеност се намали за 43.000 и сега изнесува 440.000.

Други извештаи велат дека американската економија губи илјадници работни места речиси секој месец за изминатите две години. Официјални лица од економскиот сектор на Белата куќа најавија дека домашната економија ќе почне да продуцира 95.000 работни места месечно оваа година.


Но, авторите на извештајот велат дека тоа нема да биде доволно да се намали стапката на невработеност многу под сегашните 9,7 проценти.
Економистите предвидуваат дека невработеноста бавно ќе почне да се намалува затоа што обесхрабрените работници кои досега се откажале од барањето нова работа, ќе продолжат да бараат.

Американската статистика за „невработени“ ги смета само граѓаните кои немаат работа, а продолжуваат да бараат нов начин на егзистенција.
Намалувањето на стапката на невработеност ќе биде забавена и со растежот на обемот на работната сила.

XS
SM
MD
LG