Линкови за пристапност

ЕУ најави спасување на Грција од долгот


ЕУ најави спасување на Грција од долгот
ЕУ најави спасување на Грција од долгот

Ромпи го објави договорот по разговорите меѓу Германија, Франција, Грција и ЕУ во Брисел, спроти одржувањето на самитот на лидерите на ЕУ. Деталите ќе бидат објавени денеска.

Веста доаѓа во време кога Грција објави највисока цифра на невработеност за последниве пет години и се справува со гневните работници заради новите мерки со кои владата се обидува да го намали дефицитот.

Официјални лица во Атина кажаа дека невработеноста стаса до 10,6 проценти, највисок процент од март 2005-та. Во ноември 2008-ма, таа изнесуваше 7,8 проценти.
Во меѓувреме, таксистите во Грција штрајкуваат и заради новите даноци на бензинот и другата регулатива чија цел е намалување на буџетскиот дефицит.
Буџетскиот дефицит на Грција надмина 12 проценти во 2009-та, што е четири пати над дозволениот лимит воведен од страна на ЕУ.

XS
SM
MD
LG