Линкови за пристапност

Синдром на ненадејна смрт кај доенчињата – причина хемиска нерамнотежа во мозокот


Синдром на ненадејна смрт кај доенчињата – причина хемиска нерамнотежа во мозокот
Синдром на ненадејна смрт кај доенчињата – причина хемиска нерамнотежа во мозокот

Ново истражување наведува дека тоа можеби се должи на хемиска нерамнотежа во мозокот.

Ништо не може да го подготви родителот за она што и` се случило на Маршан Луис пред три години:

„Го подигате заспаното бебе во колевка и увидувате дека не е заспано, туку мртво, омлитавено, студено“, раскажува Луис.

Сузана Луис била здраво бебе. Оваа фотографија била направена ден пред да почине од синдромот на ненадејна смрт кај доенчињата, или скратено – СИДС:

„Секогаш ќе остане прашањето – можевме ли да сториме нешто?“ – вели Луис.

Но дури и кога родителите ги слушаат лекарските совети – да ги ставаат доенчињата да спијат на грб, да не оставаат ќебенца и плишани животни во колевката,некои од нив ќе починат без предупредување. Најново истражување за причините на синдромот се фокусираше на серотонин, хемикалија во мозокот.

Откривме дека доенчињата кои починале поради СИДС имаат абнормалности на серотонин во делови на мозокот што го контролираат дишењето, чукањето на срцето и крвниот притисок.

Хана Кини и други лекари од Детската болница во Бостон споредувале мозоци на доенчиња кои починале од СИДС со мозоци на доенчиња починати од други причини.

Кога доенчето спие со лицето свртено кон креветот, започнува повторно да вдишува од ослободениот и токсичен јаглерод-диоксид.

Нормално доенче ќе одговори на тој предизвик, ќе ја сврти главата или ќе стане и ќе се пробуди. Но, не и оние со абнормалности на серотонин, кои починуваат.

Истражувачите откриле дека доенчињата кои починале од СИДС имале за 25 проценти помалку серотонин и придружни хемикалии од оние починати од други причини.

Засега, лекарите не се во можност да го измерат новото на серотонин кај живи доенчиња. Научниците се надеваат дека еден ден тоа ќе биде лесно изводливо, преку обична крвна слика, за да се спречи ненадејната смрт, како на Сузана.

Студијата е објавена во Журналот на Американското медицинско здружение.

XS
SM
MD
LG