Линкови за пристапност

На вашингтонското автошоу доминираа електрични автомобили


На вашингтонското автошоу доминираа електрични автомобили
На вашингтонското автошоу доминираа електрични автомобили

Претседателот на Форд, Алан Мулали, го постави тонот на вашингтонското автошоу 2010-та:

„Јас сум Алан. Јас сум од Форд. И тука сум да се погрижам за вашите автомобилски потреби“, најави Мулали.

Мулали објави инвестиција од 400 милиони долари за која кажа дека ќе ја направи следната генерација на Експлорер 25 на Форд поекономична во потрошувачката на гориво:

„Заради нашата величина, кога ние внесуваме ваква промена, таа се протега низ целата производна линија, што пак значи дека правиме значителен чекор кон редуцирање на јаглеродниот диоксид испуштен во атмосферата“, оцени првиот човек на Форд.

За Форд ова е прва профитабилна година по 2005-та. Компанијата очекува хибридните и електричните автомобили да сочинуваат 20 отсто од нивната флота до 2020, што е зголемување за три проценти од сега. Ова е добра вест за Синтија Смит, од населбата Потомак во Мериленд:

„Јас сакам да поддржам опции на алтернативна енергија“ – вели таа.

Но, таа не верува дека ќе купи Шеви Волт на Џенерал Моторс што многу се рекламира како автомобил што оди 64 километри пред да се вклучи генераторот на бензин.

Причина за тоа е што не сака да биде ограничена 100 процентно со инфраструктура која се уште не постои, особено кога планира долго патување низ земјата.

Џереми Стенли од Форт Вашингтон, во Мериленд, вели дека има Форд Експлорер, што многу троши, но е добар автомобил:

„Никогаш не сум имал проблеми, сакам да одам на риболов, ја носам сета моја опрема и ги задоволува сите мои потреби“ - вели тој.

Рон Коган, уредник и издавач на Журналот Зелен автомобил вели дека купувачите се советуваат да ги држат отворени опциите, додека автопроизводителите одат по патот на иднина со почиста енергија.

„Иако верувам во возење на струја - автомобили на батерии, тоа не е ексклузивна технологија. Да се игнорира чистиот дизел во време кога можеме да направиме промени во количината на гориво што се користи, би било на наша штета“ – вели тој.

Ен Месникоф од Клубот Сиера за заштита на човековата средина вели дека е охрабрена од новите хибриди и електрични возила, но додава дека автопроизводителите мора да продолжат да бидат иновативни во намалување на емисијата на штетни гасови.

XS
SM
MD
LG