Линкови за пристапност

Јанукович ја повика Тимошенко да поднесе оставка


Јанукович ја повика Тимошенко да поднесе оставка
Јанукович ја повика Тимошенко да поднесе оставка

Украинскиот опозиционен водач Виктор Јанукович го повика поразениот ривал на претседателските избори Јулија Тимошенко да поднесе оставка на функцијата премиер на државата.

Јанукович во соопштение ја повика Тимошенко да поднесе оставка, затоа што „на земјата не и` е потребна уште една политичка криза“.

Првичните резултати од украинската изборна комисија покажаа дека Јанукович извојувал тесна победа над Тимошенко.

Јанукович освои 49 процнети, а Тимошенко 45,5 процнети од гласовите. Конечните резултати се очекуваат во среда.

Виктор Јанукович веќе објави победа на изборите, но Тимошенко не го призна поразот и планира по правен пат да ги оспори резултатите поради наводни нерегуларности во изборниот процес.

XS
SM
MD
LG