Линкови за пристапност

Второ големо снежно невреме во североисточниот дел на САД


Второ големо снежно невреме во североисточниот дел на САД
Второ големо снежно невреме во североисточниот дел на САД
<!-- IMAGE -->

Главниот град на САД го погоди второ големо снежно невреме само неколку дена откако источниот дел ан САД го затрупа нанос од снег од 90 сантиметри.

Федералната влада не работи уште од петокот. Многу училишта и бизниси во и околу Вашингтон и натаму се затворени, а метрото функционира со ограничен капацитет.

Националната служба за метеорологија најави дека новите снежни врнежи ќе досат до 50 сантиметри снег до среда навечер, од Вашингтон па се`до Њујорк.

Стотици летови се откажани од главните аеродроми во Вашингтон, Њујорк, Чикаго и Филаделфија.

Новото снежно невреме што го зафати Вашингтон може да направи рекорд - најснежна зима во историјата на главниот град на САД.

Обединетите нации во Њујорк го затворија седиштето и ги презакажаа сите средби на генералниот секретар.
Во Вашингтон, неработењето на владините агенции за еден ден ја чини федералната влада 100 милиони долари. Претставничкиот дом на Конгресот ги откажа сите гласања до 22-ри февруари, кога законодавците ќе се вратат од еднонеделниот зимски одмор.

XS
SM
MD
LG