Најмалку 13 лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец врз полициска патрола во северозападен Пакистан, јавија локалните власти во земјата.
Напаѓачот активирал експлозив близу полициско возило на главниот пат во племенскиот регион Кајбер. Биле повтедени најмалку 15 лица.
Досега никој не презеде одговорноста за нападот.
Автопатот е еден од најфрекфентните транспортни линии кон Авганистан. Милитантите на Талебан честопати вршат напади врз пакистанските безбедносни сили, како и врз камионите на НАТО кои носат намирници за војниците во Авганистан.