Линкови за пристапност

Засилени напори за обновување на нуклеарните преговори со Северна Кореја


Засилени напори за обновување на нуклеарните преговори со Северна Кореја
Засилени напори за обновување на нуклеарните преговори со Северна Кореја

Севернокорејската новинска агенција Јонхап јави дека севернокорејски и кинески преговарачи веќе втор ден по ред разговараат за продолжување на шестстраните преговори за нуклеарната програма на Пјонјганг, во кои уште учествуваат и Јапонија, Јужна Кореја, Русија и САД.

Севернокорејскиот преговарач Ким Кај Гван допатува во Пекинг еден ден откако севернокорејскиот водач Ким Јонг-ил ја реафирмираше заложбата за Корејски Полустров без нуклеарно оружје.

Портпаролот на Стејт департментот Пи-Џеј Краули изјави дека е убеден дека Пјонгјанг ќе го слушне од Кина она што веќе го слушнал од САД во декември околу потребата од обновување на преговорите.

Вишиот советник на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, Лин Паскои, пристигна во Северна Кореја на разговори со официјални лица за заживување на разговорите. Паскои е прв виш официјален претставник на ОН кој го посетил Пјонгјанг од 2004-та.

Северна Кореја ги напушти преговорите минатата година поради жестоката меѓународна реакција на нејзините тестирања на нуклеарно оружје и проектили.

XS
SM
MD
LG