Линкови за пристапност

Јужнокорејски мировници заминаа за Хаити


Јужнокорејски мировници заминаа за Хаити
Јужнокорејски мировници заминаа за Хаити

Јужна Кореја испрати претходница во Хаити за да подготви распоредување на 240 мировници во карипската држава кои ќе помогнат во обновата по разурнувачкиот земјотрес на 12-ти јануари.

Корејските војници ќе подготват терен за распоредување на контингентот во Леогани, западно од главниот град Порт-о-Пренс.

Јужна Кореја одвои повеќе од 16 милиони долари помош за
Хаити и планира да учествува со околу 25 милиони долари во мировните операции под покровителство на ОН.

Во земјотресот загинаа околу 200.000 луѓе, а околу еден милион жители останаа без покрив над глава.

Во друг развој на настаните, истражување на јавното мислење меѓу Американците со потекло од Хаити сугерира дека 63 проценти изразиле несогласување за начинот на кој претседателот Рене Превал реагирал на кризата по земјотресот и мнозинството анкетирани сметаат дека би ги поддржале ОН или друга меѓународна коалициона влада во Хаити - се` додека кризата не биде надмината.

XS
SM
MD
LG