Линкови за пристапност

Тимошенко ќе ги оспори резултатите од изборите


Тимошенко ќе ги оспори резултатите од изборите
Тимошенко ќе ги оспори резултатите од изборите

<!-- IMAGE -->

Блиски соработници на украинската претседателска кандидатка Јулија Тимошенко, велат дека таа планира по правен пат да ги оспори резултатите од изборите на кои за победник беше прогласен опозициониот лидер Виктор Јанукович.

Соработнциите на Тимошенко велат дека таа нема да го признае поразот се` додека трае жалбената постапка и додека не се пребројат гласачките ливчиња на оспорените гласачки места.

Украинската изборна комисија објави дека актуелниот премиер, Јулија Тимошенко, загубила од Јанукович за повеќе од три проценти. За разлика од изминатите украински претседателски избори, меѓународните набљудувачи, го поздравија гласачките процес и го окарактеризираа како фер и слободен.

САД го поздравија гласањето. Американската амбасада во Киев ги оцени изборите како уште еден чекор кон консолидирање на украинската демократија.

Поддржувачите на Јанукович, втор ден по ред се собираат пред седиштето на Централната изборна комисија во Киев за да му дадат поддршка на лидерот на Партијата на регионите.

XS
SM
MD
LG