Линкови за пристапност

Ванкувер без снег на два дена пред Олипијадата


Ванкувер без снег на два дена пред Олипијадата
Ванкувер без снег на два дена пред Олипијадата

Организаторите на Зимските олимписки игри во Ванкувер интензивно работат на обезбедување доволно снег за натпреварувањето на два дена пред отварањето на Игрите во петок.

Камиони и хеликоптери исфрлаат снег на планината Сајпрес. Првото натпреварување е закажано за в сабота.

Локациите на планината Сајпрес во близина на Ванкувер најмногу се погодени од невообичаено топлото време. Но, скијачките терени во Вистлер, кои се на поголема надморска височина, се во добра состојба пред почетокот на Игрите.

Организаторите ги откажаа дводневните тренинзи со цел да го заштитат снегот. Тие велат дека имаат хемиски материјал што може да се употреби за зајакнување на снегот.

XS
SM
MD
LG