Линкови за пристапност

ОН: итна потреба од адекватна метеоролошка служба во Хаити


ОН: итна потреба од адекватна метеоролошка служба во Хаити
ОН: итна потреба од адекватна метеоролошка служба во Хаити

<!-- IMAGE -->

Официјални лица од ОН велат дека Хаити има итна потреба од метеоролошка служба спроти претстојната сезона на поројни дождови и урагани со цел да бидат спречени понатамошни природни непогоди.

Светската метеоролошка организација при ОН објави дека од минатомесечниот разурнувачки земјотрес се уништени службите за прогнозирање на времето во Хаити и оти рани предупредувања се клучни за планирање на вонредни состојби.

Од ОН велат дека 90 проценти од природните катастрофи се поврзани со климски услови, како урагани, поплави, суши, одрон на земјиште. Цената на повторното воспоставување метеоролошки служби во Хаити се проценува на околу еден милион долари.

Во друг развој на настаните, властите јавија дека е извлечен дехидриран, но жив човек од под урнатините на Порт-о-Принс, за кого се претпоставува дека бил затрупан уште од земјотресот на 12-ти јануари.

Официјални лица велат дека лицето било пронајдено од локални жители кои чистеле урнатини на место каде се наоѓал пазар.

XS
SM
MD
LG