Линкови за пристапност

НАТО во обид да избегне цивилни жртви спроти офанзивата во Авганистан


НАТО во обид да избегне цивилни жртви спроти офанзивата во Авганистан
НАТО во обид да избегне цивилни жртви спроти офанзивата во Авганистан

Главниот цивилен претставник на НАТО во Авганистан упати повик до селаните во провинцијата Хелманд, „да се сокријат“, кога коалиционите сили ќе ја почнат главната офанзива во јужното упориште на Талебан.

Британецот Марк Седвил издаде предупредување до цивилите кои нема да ги напуштат домовите пред нападот од НАТО во градот Марџах во провинцијата Хелманд.

Асошиетед прес јави дека милитантите спречуваат некои луѓе да заминат од градот и поставиле мини на околните патишта.

Градот Марџах со популација од 80.000 жители е главна рута за криумчарење опиум и долго време е под контрола на Талебан.

Изминатите денови, силите на НАТО ги повикаа жителите да заминат од градот во обид да го минимизираат бројот на цивилни жртви за време на офанзивата.

НАТО вели дека има доволно ресурси да ги нахрани и да згрижи жителите кои привремемо ќе бидат раселени поради претстојните битки.

XS
SM
MD
LG