Линкови за пристапност

Почина Џон Мурта, конгресмен и голем критичар на војната во Ирак


Почина Џон Мурта, конгресмен и голем критичар на војната во Ирак
Почина Џон Мурта, конгресмен и голем критичар на војната во Ирак
<!-- IMAGE -->

Американскиот претседател Барак Обама го фалеше починатиот конгресмен Џон Мурта за неговата репутација начовек со цврсти ставови.

Ветеранот демократски законодавец од Пенсилванија почина во понеделникот во болница во околината на Вашингтон на возраст од 77 години, каде бил третиран заради компликацииод неодамнешна операција на бешиката.

Мурта за прв пат бил избран за Претставничкиот дом на конгресот на САД во 1974, по долга и успешна кариера како американски маринец. Тој беше првиот борбен ветеран од Виетнамската војна избран во Конгресот. Мурта се издигнал низ редовите во конгресот станувајќи прв човек на многу влијателниата поткомисија на Претставничкиот домшто врши надзор на трошоцитеза Пентагон.

Како силен поддржувач на агресивнавоена акција, тој гласаше во 2002 за резолуцијата со која се авторизираше тогашниот претседател Џорџ В. Буш да употребивоена сила против Ирак. Но Мурта потоа го осуди водењето на војната од страна на администрацијата на Буш во 2005, и бараше повлекување насите американски трупи.

Ова го принуди Мурта да се брани од републиканската критика дека тој и другите анти-воени демократи се залагаат за предавање.

Мурта предизвика критика и со обвинението на маринцитево инцидентотво Хадита од 2006 за убивањецивили- ладнокрвно. Тој го осуди и скандалот со затворот Абу Граиб во Ирак, каде испрашувачите физички и психички ги малтретирале затворениците.

Мурта многу помогна во избирањето на Ненси Пелосиод Калифорнија заспикер наПретставничкиот дом – која стана првата женаво историјата на САД на оваа функција.

XS
SM
MD
LG