Линкови за пристапност

Тојота најави ново масовно повлекување на популарниот Приус


Тојота најави ново масовно повлекување на популарниот Приус
Тојота најави ново масовно повлекување на популарниот Приус
<!-- IMAGE -->

Јапонскиот автопроизводител Тојота најави дека ќе повлече повеќе од 400.000 хибридни автомобили, вклучувајќи го и последниот модел на Приус, за да ги поправи сопирачките.

На прес-конференција во Токио, претседателот на компанијата Акио Тојода уште еднаш се извини за проблемите и рече дека безбедноста на нивните муштерии е врвен приоритет на Тојота.

Со повлекувањето ќе бидат погодени Приус, Лексус Ха Ес 250 и Саи, што се продава само во Јапонија. Повлекувањето, освен во Јапонија несомнено ќе се одрази на пазарите во САД и во Европа.

Автопроизводителот вели дека одложеното сопирање не индицира неисправност на сопирачките. Тојота објави дека ќе понуди софтвер за поправка на погодените модели.

Најголемиот производител на автомобили во светот, Тојота повлече милиони возила ширум светот поради дефектна педала за гас што може да доведе до несакано забрзување.

Членовите на американскиот конгрес закажаа сослушување по отповикувањата и безбедноснипрашања врзани со Тојота. Првиот распит ќе се одржи во среда кога претседателот на северноамериканскитеоперации на Тојота, Јошими Инаба, треба да се појавизаедно со американскипретставници на безбедноста во сообраќајот.



XS
SM
MD
LG