Линкови за пристапност

Вашингтон пред нов удар од снежно невреме


Вашингтон пред нов удар од снежно невреме
Вашингтон пред нов удар од снежно невреме
<!-- IMAGE -->

Главниот град на САД очекува втора голема снежна бура само неколку дена откако регионот го зафати силно невреме со наноси од снег до 90 сантиметри.

Федералната влада не работи втор дена по ред и сообраќајот е отежнат низ најголемиот дел од областа што ја зафаќа градот. Многу улици останаа затрупани, а градската железница функционира со ограничен капацитет.

Сите прогнози се дека состојбата ќе се влоши. Националната служба за метеорологија предупредува на нови снежни врнежи од 25 до 50 сантиметри во североисточниот дел на САД.

Новото снежно невреме ќе го зафати Вашингтон и делови од шест околни сојузни држави.

Десетици илјади домови ширум Мериленд, Вирџинија, Западна Вирџинија, Њу Џерси и Делавер се уште се без струја, има урнати покриви на објекти и скршени дрвја кои не ја издржаа тежината на снегот.

Лошото време придонесе за зголемување на цената на нафтата. Сировата одредена за дистрибуција во март порасна за 70 центи во понеделникот, достигнувајќи 72 долари за барел, со што се сврте трендот на паѓање на опаѓање на цената.

XS
SM
MD
LG