Линкови за пристапност

Иран засилено процесира ураним


Иран засилено процесира ураним
Иран засилено процесира ураним

Државните медиуми во Иран наведуваат дека земјата започнала да процесира ураниум на повисоко ниво, со тоа пркосејќи на меѓународните напори за запирање на нуклеарната активност. Во извештаите се наведува дека засиленото збогатување на ураниум започнало вторникот во постројката Натанц, во присуство на инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија. Иран понеделникот ја информирал Агенцијата дека планира да го засили процесот за 20 проценти, за да обезбеди гориво за медицински нуклеарен реактор.

Западните сили се загрижени дека штом Иран може да збогати ураниум на такво ниво, би можел преку истиот процес да добие и доволно добар материјал за нуклеарно оружје.

Иран инсистира дека нуклеарната програма е исклучиво за мирнодопски потреби.

Советот за безбедност на ОН досега на трипати воведе санкции против Иран поради тоа што одбива да запре со збогатување на ураниум.

САД и Франција најавија дека ќе извршат притисок за нови санкции. Американски официјални претставници наведуваат дека тоа би се случило за неколку недели.

XS
SM
MD
LG