Линкови за пристапност

Февруари месец на црнечката историја во САД


Февруари месец на црнечката историја во САД
Февруари месец на црнечката историја во САД

Февруари е месец на црнечката историја во САД. Денес се потсетуваме на настанот од пред 50 години кога четворица црни студенти во Северна Каролина седнале во ресторан што тогаш бил само за белци. Ова беше иницијалната каписла за движењето за граѓански права во земјата.

Стотици луѓе се собраа во поранешната продавница на Вулворт во знак на сеќавање на настанот.

Инспирирани од лидерот за човекови права Доктор Мартин Лутер Кинг Џуниор, четворица црни студенти од државниот Универзитет на Северна Каролина влегле во продавница на Вулворт во Гринсборо, на 1-ви февруари 1960-та. Седнале во делот само за белци и чекале да бидат послужени.

„Во срцето знаевме дека дека расната сегрегација е злобна“, вели Џозеф Мекнил, што тогаш бил 17-годишник. Во тоа време можел да биде уапсен за кршење на таканаречениот закон на Џим Кроу, што ги држел белците и црнците одвоено на јавни места како театри, хотели и ресторани.

¬¬„Бевме помирени со тоа да бидеме уапсени за ден, недела или месеци, зашто сакавме да покажеме дека расната сегрегација е погрешна“ вели Мекнил.

Франклин Мекеин исто така бил сит од сегрегацијата околу него: „Подготвен бев да направам нешто да ми се олесни, нешто што ќе ми ја врати гордоста, човечноста и машкоста. Ги сретнав другите тројца кои исто така се чувствуваа.“

Џибрид Казан од Гринсборо се сеќава што им рекла келнерката: „Што сакате? – праша таа. Рековме - многу љубезно - дека сакаме да бидеме послужени. Таа рече – не служиме овде обоени, одете таму. Рековме дека би сакале да останеме каде што седевме.“

Денови подоцна, уморни од дискриминацојата, им се приклучиле и други црнци. Џозеф Мекнил наведива дека во ден момент имало повеќе од 500 студенти собрани околу пултот за ручек во Вулворт и други продавници со сегрегирани простории за јадење: „Доаѓавме секој ден и ветивме дека тоа ќе го правиме се` додека не ги отворат тие делови за сите.“

Долгогодишниот активист за човекови права Џулијан Бонд смета дека „седењето“ во Гринсборо го променило курсот на движењето за граѓански права од 1960-те: „Внесе степен на активизам во движењето што дотогаш го имаше само во судовите. Активизмот на улиците стана дел од арената и со тоа се` се промени.“

Во јули 1960-та, и по 200-илјади долари во изгубен бизнис, Вулворт се согласи да дозволи служење на црнци на пултот каде ручаа белци.

Историчарот Лони Банч предочува дека кампањата во Гринсборо не била прва воопшто, но затоа прв пат го привлекла вниманието на националните медиуми: „Затоа со славењето на овој настан, се слават сите други што се случиле низ државата на југот и нагоре на север.“

На 50-годишнината од историскиот настан во Гринсборо, започна ново поглавје на движењето за граѓански права – со отворање на музеј за меѓународни граѓански права. Лидерите на заедницата сакаат тоа да биде траен придонес за жртвувањето на многу афро- Американци за еднаквост и социјална правда.

XS
SM
MD
LG